КАРГОМАКС

 

НОВОТО DAILY


НОВОТО DAILY накратко:
Комплетно подобрен наследник на една традиција од совршенство


Третата генерација на Iveco Daily пристигна на Европскиот пазар, носејќи го совршениот спој на традиција и иновација: целосно развиениот генерациски скок кој претставува важно достигнување за Iveco. Новото Daily  импресионира со конкретно и професионално решение за потребите дури и на клиентите со најспецифични барања: две возила во едно, за најдоброто Daily досега, во совршена хармонија помеѓу иновациите и продолжената еволуција на силното наследство на Daily.

Изборот за придружник на транспортните професионалци, новото возило е претставено како удобно и практично за употреба како лесно возило, продолжувајќи да нуди максимална сигурност, ефикасност и сестраност кои секогаш го правеле Daily-то критериум за тој сектор. Иако скоро 80% од компонентите се редизајнирани, Новото Daily ја задржа неговата структура на каросерија поставена на шасијата, која долго време е дел од неговата ДНК и ја осигурува неговата сестраност и издржливост низ времето, вклучувајќи максимална флексибилност за изведби на шасијата.

Дизајнерските напори на компанијата беа фокусирани на двете верзии на возилото, шасија со кабина и фургон, со амбициозна цел: да го зацврсти водството во двата сектори, а и понатаму да ја подобрува ергономијата, комфорот при возење, возната состојба и управувањето. Двете нови возила беа споени во еден концепт: Нов стил на Daily кабина со шасија и целосно ново Daily фургон, со фокус на структурата на шасијата, каде опциите за управување и товарен простор се подобрени од секој аспект благодарение на оптимизираните капацитети на товарен простор и олеснувајќи ја употребата со подостапна платформа за товарење.
Капацитетот на фургонот е засилен со промената на меѓуоскиното растојание, вкупна должина и должина на товарен простор: ова доведе до креирање на новите 18 и 20 m3 модели (овозможувајќи најдобар товарен простор во оваа категорија) и 10.8 m3 верзијата (најдобрата во категоријата за ефикасност на товарен простор, индикатор кој го мери соодносот меѓу должината на товарниот простор и вкупната должина на возилото.

Благодарение на новата архитектура, со подолго меѓуоскино растојание и намален заден спуст, новото Daily гарантира одлична возна состојба без да ја загрози неговата силна подвижност во ограничени простори. Новата предна суспензија QUAD-LEAF, стандард за сите модели до 3.5 тони, го прави одличниот спој помеѓу претходните верзии со единечни и дупли тркала, гарантирајќи го зголемениот капацитет на пренос на товарен простор на првиот и максимална дозволена носивост на осовините на структурата на шасијата.

За моделите со единечни тркала, задната суспензија исто така е редизајнирана, што доведе до две важни подобрувања: намалување на висината на товарната платформа од околу 55 милиметри за да го олесни товарот и растоварот од возилото, и намалување на надуправливост при вртење на кривина. Комбинацијата на нови предни и задни системи на суспензија и новото подолго меѓуоскино растојание за фургонот даваат динамична, водечка изведба во категоријата кога станува збор за сигурност и стабилност.

Третата генерација на Daily исто така е фокусирана на деловни побарувања и нуди значајно намалување на потрошувачката на гориво во споредба со претходниот модел, со значително подобрување на трошоците за одржување на возилото, заедно со најдобрата изведба во категоријата која нуди широк опсег на мотори, трансмисии и меѓуосовински растојанија.

Но тоа не е се’: комфорот на возилото е исто значајно подобрен. Возачот на Новото Daily може да има корист од многу поудобна и потивка внатрешна кабина која гарантира возачка позиција и други особености типични за премиум автомобил, како и мнозинство отворени и затворени оддели за складирање. Ергономскиот дизајн на контролите е најдобар во категоријата, звучната изолација е подобрена, климатскиот уред е поефикасен и комфорот при возење е одличен при било какви услови.

Возилото Daily е „светско“ возило: повеќе од 2.6 милиони Daily возила се продадени во повеќе од 110 земји насекаде во светот. Производ е на фабриката Iveco Suzzara, во близина на Мантова во Италија, и во фабриката Iveco Valladolid во Шпанија. Компанијата неодамна направи суштински инвестиции во овие фабрики за да ги обнови производните линии.

 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.