КАРГОМАКС

 

Eurocargo


Eurocargo Euro VI. Совршен за секоја ситуација.

Iveco го претставува новиот Eurocargo Euro VI: возило од средна категорија со многубројни подобрувања, зајакнато со сигурност и флексибилност, правејќи го многу-наменско возило кое може да се адаптира за секаква мисија.

Омиленото возило од средна категорија на Европа, вистинската икона од тој сегмент заради неговата сигурност, денес поставува уште еден рекорд со комбинирање на иновацијата со оптимизираната искористеност на горивото преку ексклузивната HI-eSCR технологија, патентирана од ФИАТ Индустриал. Овој иновативен посттретмански систем ги намалува емисиите на азотниот оксид (NOx) за преку 95% без да го промени процесот на согорување, без да има потреба од дополнителен систем за ладење и без да влијае на структурата и трошоците на возилото.

Новите Тектор 5 и 7 мотори се единствените од овој сегмент кои нудат HI-eSCR технологија, па според тоа се позиционираат на врвот на нивната категорија, давајќи подобрена и постојана изведба.

 Новиот опсег вклучува нови Тектор 5 модели – со 160, 190 и 210 КС – и четири Тектор 7 модели со 220, 250, 280 and 320 КС. Промената на местото на Тектор 5 и Тектор 7, четири и шест цилиндри соодветно беше зголемена за да се добие оптимална јачина за различни користења.

Моторната моќ на Тектор 5, со промена од 4.5 литри, се зголеми за 13% дозволувајќи му на возилото да достигне 210 КС. Изведбата на Тектор 7 моторот, со 6.7 литри, исто така е подобрена со зголемување на моќта до 320 КС благодарение на 7% зголемената сила.
Новата линија на Eurocargo е исто така опремена со новиот Eurotronic ZF автоматизиран менувач со 12 брзини, достапен за 6-цилиндричниот Тектор 7 мотор и верзиите на возила наменети за влечење приколки.

Воведувањето на овие нови карактеристики имаше позитивен ефект на TCO (Total Cost of Ownership – вкупните трошоци за управување на возилото), вистинскиот „фокус“ на Iveco при дизајнирањето на новиот Eurocargo Euro VI. Ефикасноста на HI-eSCR системот им дозволува на возачите да ја задржат несменета потрошувачката (diesel + Urea).

Технологијата на HI-eSCR системот дава подобрена изведба на урбаните мисии, со 2% намалена потрошувачка на гориво. А освен тоа, надградувањето од 6 цилиндри 220 КС EURO V во новиот 210 КС 4 цилиндричен EURO VI носи до намалување на потрошувачката на гориво до 4.5%.

Благодарение на добиените одлични резултати кога станува збор потрошувачката на гориво, одржливоста и вредноста, новиот Eurocargo Vi ја потврдува неговата позиција како лидер во заштеда на трошоци за одржување.

 

 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.