КАРГОМАКС

 

Stralis


Новиот STRALIS Hi-Way: накусо главните иновации

Главните карактеристики на новиот STRALIS Hi-Way е неговото значително намалување на вкупните трошоци за возилото (Total Cost of Ownership – TCO) и системот за редукција на издувните  гасови  Hi-eSCR,  патентиран и создаден од FPT Industrial.
Комбинирајќи го квалитетот на производот со низа поврзани услуги вклучувајќи програмирана помош, менаџирање на флота и тренинг на возачите за економично возење, новиот STRALIS Hi-Way може да достигне намалување на вкупните трошоци за возилото дури до 4% на меѓународна мисија, со поминување  во просек 130 000 километри годишно, за период од четири години.
Новиот STRALIS содржи Cursor FPT Industrial мотори кои гарантираат ниска потрошувачка на гориво и одлични перформанси. Единствениот High Eficiency SCR (HI-eSCR) систем за редукција на издувна емисија, дизајниран, патентиран и произведен од FPT Industrial, го прави новиот STRALIS  единственото комерцијално возило на пазарот кое ги задоволува ЕУРО 6 нормите на издувни гасови без употребата на EGR системот. FPT Industrial High Efficiency SCR системот ги намалува нивоата на азотни оксиди повеќе од 95%. HI-eSCR системот на ЕУРО 6 возилата е единствен и уникатен, затоа што ги задоволува строгите граници на емисии на азотни оксиди, без да ја зголеми потрошувачката на гориво.
Новиот STRALIS Hi-Way доаѓа со целосно редизајнирана кабина. Подобрената ергономија и комфор се продукт на блиска соработка со дилерите и купувачите. Надворешниот дизајн на кабината е фокусиран на подобрување на аеродинамиката на возилото, како и намалување на потрошувачката на гориво, а освен другото, има нова централна решетка и редизајнирани „воздушни дефлектори“ , како и нов дизајн на браникот.
Возилото има нови подобрени и вклопени телематски услуги, подобрени инструменти за услуга на купувачите  и најнапредни алатки за безбедност на пат како:

  • EBS + BAS
  • Lane departure warning system (систем за контрола на правец)
  •  ESP
  • Адаптибилен Темпомат
  • дневни светла
  • new Driver Attention Support Function
  • Advanced Emergency Braking System

За да се подобри перформансата на возењето, новиот STRALIS  ја има единствената функција за евалуација на стилот на возењето, инструмент кој му дозволува на возачот да го подобри возечкото однесување во вистинско време. А доколку е поврзан со IVECONNECT FLEET системот, овој програм овозможува менаџерот на флота од далеку да има пристап до перформансите на секој возач поединечно.
Новиот Iveco STRALIS  е направен во  Iveco фабриката во Mадрид,  Шпанија, во согласност со највисоките стандарди за квалитет за производство.
Новиот STRALIS HI-WAY , комерцијално возило од гамата на Iveco, ја доби наградата „ Камион на  2013 годината“,  на интернационалниот избор спроведен од  25-те водечки магазини за товарни возила во Европа,  камионот кој, според судиите, „даде најголем допринос во ефикасноста на копнениот транспорт од неколку различни перспективи меѓу кои: економичност на гориво; безбедност;  возна состојба; комфорт и ниско ниво на загадување на природата.“
Важната награда беше доделена на гала вечерта на 64-тото издание на  Интернационалниот Саем во Хановер, најзначајната европска  изложба за товарни и индустриски возила.

Многу сме горди на оваа награда. Новиот STRALIS претставува пример за ефикасност, квалитет и вредност за клиентот. Возилото е конкретна демонстрација на обновувањето на стратегијата на нашата компанија, која што не ‘ прави многу поблиски со нашите клиенти и ни помага да ги усовршуваме нивните производи.“ – изјави Алфредо Алтавила, генералниот  директор на Iveco.
 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.