КАРГОМАКС

 

ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ на КАРГОМАКС

Политика за Квалитет

 

Преку продажба на комерцијални и специјални возила со врвен квалитет и пристапна цена и обезбедувајќи најдобри услуги во пост продажните активности, Каргомакс им нуди вистински решенија на своите клиенти за нивните деловни активности.

Флексибилноста во додавање на надворешни модули и делови ја овозможуваме преку континуираната соработка со нашите добавувачи, во полето на набавка на комерцијални возила и преку нивна доработка од страна на надоградителите. Преку соработката со надоградителите овозможуваме функционалноста на возилата да се прилагоди на потребите на нашите клиенти.

Раководството на Каргомакс е посветено на имплементирање на Систем за Управување со Квалитет согласно барањата на стандардот ISO 9001:2008 и се стреми заедно со сите свои вработени кон континуирано подобрување на понудените производи и сервисни услуги. За постигнување на оваа цел, Каргомакс врши постојана обука на своите вработени, со цел постојано да ги зголемува нивните вештини за реализација на своите работни активности и задачи.

Каргомакс е посветен кон усогласување со статутарните и регулаторни барања од заедницата, како и од добавувачите како нивен овластен дилер.

Каргомакс ќе го реализира своето работење согласно своите финансиски планови и цели за да постигне лидерска позиција на пазарот со цел задоволување на своите потреби, како и исполнување на очекувањата на своите сопственици.

Политиката за квалитет е поставена на веб страната и внатре во просториите на КАРГОМАКС.

Раководството на Каргомакс се обврзува барем еднаш годишно да ја преиспита политиката за квалитет.

 

Скопје, 30.04.2013 година 

 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.