КАРГОМАКС

 

За Каргомакс

Каргомакс е единствен официјален застапник на Iveco возилата за Македонија. 

Каргомакс ја започна својата дејност како официјален застапник за Iveco возилата во 2007 година, а во 2012 година започна со работа и со компоненти Bosch и го отвори најсовремениот Bosch дизел центар во Македонија.

Каргомакс секогаш бил во чекор со стандардите на принципалот, обезбедувајќи го најдобриот спој на услуги во светот на транспортот: продажба на комерцијални и специјални возила, сервис и продажба на резервни делови и компоненти од гамата на IVECO, IVECO BUS, IVECO ASTRA и BOSCH.

Каргомакс инвестираше повеќе од 2 милиони евра при изградбата и опремувањето на најголемиот центар за комерцијални возила во Македонија, чие седиште е на ул. Миладиновци бб, Миладиновци 1042 Илинден. Сервисно – продажниот центар располага со покриен простор од 2.100м2 кој се наоѓа на плац со површина која опфаќа повеќе од 14.000м2. Просториите со коишто располага Каргомакс се поделени на три главни области: комерцијални и административни канцеларии, сервис за товарни возила и перална, и магацин за резервни делови.

Каргомакс инвестираше и во постпродажба и во најновата технологија во сервисот. Сервисот на Каргомакс е изграден од материјали и со технологија кои се со најдобар европски квалитет и се во целосна согласност со најновите стандарди на принципалот. Сервисот располага со 14 работни станици. Во склоп на сервисот работи и автоматска перална за товарни возила, единствена од тој тип во Р. Македонија. Покрај современата комплетна дијагностичка опрема и специјален алат за возилата од гамата на Iveco, сервисот располага и со опрема за испитување и контрола на исправноста на системите за кочење и управување, како и опрема за монтажа/ демонтажа и балансирање на пневматици.

Вработените во Каргомакс се внимателно одбрани и обучени, и со висок професионализам одговараат на потребите на клиентите.

Каргомакс инвестира во луѓето и со тоа развива доверливи, високопрофесионални комерцијални и постпродажни тимови, кои се подготвени да се соочат со потребите на зголемената побарувачка на пазарот.

 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.