КАРГОМАКС

 

Кариера

Фирмата Каргомакс Д.О.О., овластен дистрибутер на IVECO во Македонија, распишува оглас за следново работно место:

Комерцијалист за продажба на товарни моторни возила

Потребни услови кои треба да ги исполнува кандидатот:

  • ВСС (Економски или машински факултет ќе се смета за предност)
  • Работно искуство со моторни возила ќе се смета за предност
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија ( Ц категорија ќе се смета за предност )

Работни обврски:

  • Остварува редовни посети и контакти со клиенти, при што врши презентација на моделите на возилата кои ги нуди Каргомакс
  • Подготвува писмени понуди и склучува договори со клиенти
  • Се грижи за редовните и наоѓа нови потенцијални клиенти
  • Врши нарачки на возила и ги следи се до нивната испорака на крајниот клиент, притоа подготвувајќи ги сите пропратни документи
  • Изработува потребни хомологациски документи
  • Изработува неделни и месечни планови за своите активности
  • Изработува месечни и годишни извештаи за извршените работи и реализација
  • Извршува други делегирани обврски

Личен профил:

  • Исклучителни комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Исполнителна и лојална личност
  • Динамични, иницијативни, насочени кон остварување на резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Спремност за тимска работа и ажурност при работа со рокови

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испратете го Вашето CV на следниов 
e-mail: info@cargomax.com.mk

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.