КАРГОМАКС

Корпоративни Новости.

Iveco во Брисел за Еурогас: брендот го демонстрираше неговото убедливо водство во технологиите со природен гас, кое сега е стратешки приоритет за европската политика|01.04.2015

Iveco беше присутен на Годишната Еурогас Кoнференција, одржана во Брисел, каде го претстави извештајот за стратешката улога на гасот во транспортниот сектор, потврдувајќи го неговото водство во – и посветеност кон – полето на природен гас кај автобусите и комерцијалните возила. Брендот беше единствениот производител на комерцијални возила поканет да присуствува во иницијативата чиј домаќин е Еурогас, здружение кое ја претставува продажбата на големо, продажбата на мало и дистрибуцијата на европскиот гас.

Во името на компанијата збор имаше Пјер Лаут, претседател на Iveco брендот, кој ја повтори важноста на ефикасниот транспорт како основа за растење и конкурентност во Европа. Лаут рече дека зголемената употреба на природен гас и биометан како гориво е паметен избор во технички термини и дека веднаш се доаѓа до достапно решение за намалување на CO2 емисиите во транспортниот сектор.

Во поглед на ова, Iveco е во согласност со скорешниот документ на Европската Комисија, каде Европа си зеде за обврска да го декарбонизира транспортниот сектор преку употреба на биогорива и да го стави течниот природен гас (CNG) во срцето на одржливата транспортна политика.

Во неговиот говор, Лаут изјави: „Iveco е европскиот лидер во природен гас со повеќе од 25 години искуство во секторот. Благодарение на технологијата на моторот, брендовите на компанијата Iveco и Iveco Bus можат да се пофалат со целосен ранг на возила на природен гас, со продадени повеќе од 13.000 единици, вклучувајќи лесни, средни, тешки возила, како и автобуси. Тие возила имаат повеќе предности кога станува збор за заштита на средината и одржливост на трошоците: целосната заштеда на вкупните трошоци за одржување на возилото (TCO) може да стигне до 10%. Со севкупниот опсег на возилата на природен гас, Iveco е совршен партнер, кој помага во зачувување на квалитетот на воздухот и кој гарантира поголема профитабилност на клиентите.

Природниот гас е поефтин од дизелот, што резултира на намалување на трошоците до 40% - најголемиот фактор кога се евалуираат вкупните трошоци за одржување на возилото (TCO). Метан гасот и течниот метан се важни затоа што тие претставуваат средна точка на уште поодржливи решенија, вклучувајќи и обновливи извори. Моторите поставени во Iveco возилата се веќе компатибилни со биометан. Ширењето на биометанот е значајно затоа што ќе овозможи да се достигне таргет од 10% транспортно гориво од обновливи извори, како што е објаснето во Директивата 2009/28/EC за почнување на користење енергија од обновливи извори.