КАРГОМАКС

iveco gamma

IVECO

Во светот на глобалниот транспорт IVECO е лидерот за развој, производство, сервис и маркетинг на широка гама од лесни, средни и тешки комерцијални возила.

Исто така произведува патнички возила и специјални возила за одбрана, цивилна заштита и за посебни потреби како противпожарни возила. Возилата се одликуваат со најновата технологија на производство, применета на широг опсег на мотори кои работат на дизел или алтернативни горива. Ова вклучува природен гас (CNG), био-гориво, хибридни технологии и електрични мотори.

Опсегот на производство е комплетиран со финансиски и пост-продажни услуги и активности околу половни возила.
Iveco има речиси 25.000 вработени и раководи со 24 единици за производство во 11 земји во светот користејќи врвна технологија развиена во 6 истражувачки центри. Освен во Европа, компанијата работи и во Кина, Русија, Австралија и Јужна Америка. Околу 5.000 продажни и сервисни центри во повеќе од 160 земји гарантираат техничка поддршка било каде во светот каде што се наоѓа возило на Iveco.

Iveco ги користи најнапредните методи и технологии, следејќи го методот WCM (World Class Manufacturing) за да направи високо квалитетни производи и да создаде пријателски амбиент во фабриката.
Благодарејќи  на тоа, сите сектори добиваат сертификати ISO 9001 : 2008 (стандард за управување со квалитет) и ISO 14000 (стандард за управување со животна средина).

 
Новoтo Daily
Силен по природа.
Новиoт Stralis HI-WAY
Stralis Моделите овозможуваат разни видови на тежок транспорт.
Новиoт EUROCARGO
Eurocargo е дизајниран да биде лидер.