Откријте ја новата палета на производи IVECO
Лесен (3.3-7.2 t)
Среден (6.5-18.0 t)
Тежок (>=18 t)
Три различни типови кабини за задоволување на барањата на секоја работа
Од испораки до изградба, транспорт со ладилник до урбани услуги, новиот камион Eurocargo е разноврсен во својата категорија – а исто така е и каросериски најлесниот. Изработена од челик со висока цврстина, рамката на шасијата може да носи должина на каросеријата од 4265 до 10,175 mm; страничните делови се паралелни по целата должина и се претходно конфигурирани да го поедностават склопувањето на надградбата.
Новиот Iveco Eurocargo нуди три различни типови кабини: нивната разновидност ги задоволува барањата на секоја работа:
– Дневната кабина нуди најдобар баланс помеѓу вкупната ширина и должина на каросеријата и најдобро одговара за секојдневната работа во поголемите градови.
– Кабината за спиење е достапна во стандардна или верзија со висок кров; ова е дизајнирано да обезбеди удобно ноќевање и е опремено со еден или два кревети. Две осветлени кутии (достапни и одвнатре и однадвор) обезбедуваат 260 литри дополнителен простор за ефикасно складирање на кеси или алат. Надворешната врата може да се отвори со помош на електрична контрола.
– Кабината на екипажот (со стандарден покрив) е дизајнирана да го транспортира целиот екипаж плус алат и опрема. Може да прими шест патници покрај возачот, а особено е погодна за употреба во градежништвото и услугите за заштита од пожари.
Сe` на се`, новиот Eurocargo е достапен во 11.000 фабрички верзии, кои произлегуваат од комбинацијата на неговите варијанти на производи: два типа на погон, 14 нивоа на бруто тежина на возилото и седум излезни моќности, 12 менувачи, 15 меѓуоскини растојанија и три типа кабина со два покрива – покрај широкиот опсег на системи за суспензија, односот на оските, оските и PTO (до 1100 Nm).
Патувајте со IVECO Eurocargo
Дознајте ги сите карактеристики на камионот што градот го сака